MKDNews.com

Хасан Рохани нов претседател на Иран

јуни 16
01:04 2013

rowhani_AP786263256785_620x350Умерениот свештеник Хасан Рохани победи уште во првиот круг на претседателските избори во Иран, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на оваа земја Мустафа Мохамед Наџар.

Рохани на оваа функција ќе го наследи Махмуд Ахмадинеџад, кој отслужи два мандата и веќе нема право да се кандидира. Како што анализираат западните медиуми, од изборот на Рохани не може да се очекуваат позитивни промени во односите меѓу Иран и Западот, особено кога се во прашање нуклеарната програма на земјата или состојбата во Сирија. Тоа се прашања од националната безбедност, за кои одлучува ајатолахот Али Хамнеи. Сепак, се очекува новиот претседател да има подобар пристап кон решавањето на внатрешните проблеми, за разлика од конфронтацискиот стил на неговиот претходник Ахмадинеџад.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.