MKDNews.com

Хајди Клум ја тргна тетоважата со името на сопругот

јуни 26
20:46 2013

Хајди Клум ја тргна тетоважата со името на сопруготГерманската манекенка Хајди Клум (40) одлучи да се ослободи од тетоважата на десната рака, која ја потсетува на поранешниот сопруг Сил (50), од кого се разведе во јануари минатата година по шест години брак.

Хајди и Сил во 2008 година открија дека по повод четвртата годишнина од бракот заеднички одлучиле да направат тетоважи со своите имиња. Одлука што за манекенката сега се покажува како сосема погрешна.

Познатата манекенка сега посетува ласерски третмани за отстранување тетоважи.

Последните фотографии на манекенката покажуваат дека тетоважата е се помалку видлива на нејзината десна рака. Освен името на Сил, тетоважата ги содржи иницијалите на нивните три деца и три ѕвезди.

– Посетуваше неколку третмани, но иницијалите на нејзините деца остануваат, откри извор близок до Хајди.

Хајди Клум сега ужива во романса со својот телохранител Мартин Кристен, со кого го изневеруваше сопругот.

Германската манекена и Сил имаат три деца, синовите Хенри (7) и Џон (5) и ќерката Лоу (3). Хајди од врската со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе (63) ја има ќерката Лена (9), која Сил ја посвои.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment