MKDNews.com

Груевски на самитот на ЕПП во Виена

јуни 20
21:14 2013

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, a во која се и Министерот за надворешни работи Никола Поповски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ Владимир Ѓорчев, денес присуствува на редовниот самит на ЕПП (Европската народна партија) што се одржува во Виена, Австрија.


На маргините на самитот Претседателот Груевски оствари средба со Вилфред Мартенс, претседател на ЕПП, која е најмногубројна партија во Европскиот парламент. Во разговорите Премиерот Груевски упати благодарност за сестраната поддршка која Република Македонија ја добива од Европската народна партија во контекс на евроинтегративните процеси, како и поддршката за интензивирање на политичките односи и дијалогот во меѓународни рамки.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.