MKDNews.com

Груевски до СДСМ: Седнете и сработете нешто! Глупост е кога ќе кажете дека народот е во право, дури и кога греши

јуни 09
18:00 2013
grujo.mladi sili

Фото: Утрински весник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  на 22. роденден на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, кој се прослави денеска во Скопје на СДСМ му порача: Седнете и сработете нешто! Глупост е кога ќе кажете дека народот е во право, дури и кога греши. Народот сака дела!
– Оној првиот вели дека само еден ден во неделата ќе бил градоначалник, а дека другите денови друг ќе му ја води општината. Тоа е исто како мене да ме изберат за премиер, а јас да работам само еден ден и потоа да кажам дека имам поважна работа – рече Груевски алудирајќи на новиот лидер на СДСМ и додаде дека и тој и неговата заменичка „си ги знае од порано“ и дека „тие му се стари муштерии“ кои по два пати губеле избори од него.

Груевски го обвини градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, дека сака да урива нешто што е веќе изградено и дека „единственото нешто што го сторил е замената на една бандера која, во присуство на медиумите, долго ја разгледувал и размислувал како да ја отстрани“.

Премиерот најави дека до крајот на летото ќе заврши „новиот бран“ со кој ќе се заменат кадрите кои или не се покажале доволно или се преморени.

– СДСМ се плаши од реалноста со која се соочува, а таа е дека ние имаме реформи, проекти и дела зад нас, а тие само голо политиканство – рече тој и додаде дека во СДСМ, според него, нема ништо ново.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.