MKDNews.com

Голем пожар на булеварот Туристичка во Охрид (видео)

јуни 24
03:58 2013

Голем пожар избил доцна синоќа во зграда лоцирана на булеварот Туристичка во центарот на Охрид. Како што јавува ohrid1.com , најверојатно проади проблеми со електричната инсталација избил голем пожар по што одекнале и неколку експлозии.


Веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба кои почнале да ги евакуираат станарите, а полицијата го запрела сообраќајот на најфрекфентната улица.

Интересно е да се напомене дека службите на ЕВН речиси 30 минути не ја исклучија струјата што пак целосно ги оневозможи и противпожарните екипи да гаснат, и станарите да излезат, бидејќи експлозиите се случија кај струјомерите на самиот влез од зградата, пишува ohrid1.com

Пожарот бил локализиран, и ситуацијата е ставен под контрола околу полноќ
, и за среќа нема повредени.


фото видео ohrid1.com

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.