Голем интерес кај учениците за запишување во средното стручно училиште „Илинден“ во Општина Илинден
Во средното стручно училиште „Илинден“ денеска почна првиот уписен рок. Полуматурантите денеска и утре ќе се запишуваат во две паралелки за електротехничка струка во учебната 2013/2014 година.
Уште во раните утрински часови голем беше интересот за двете нови паралелки кои ќе започнат да се изучуваат од септември. Учениците велат дека изборот го направиле тука бидејќи информатиката им е омилен предмет и токму својот напредок го гледаат во таа област и се надеваат дека по завршување на образованието лесно ќе најдат работа. Среќни се што своето образование ќе го продолжат близу до местото на живеење и нема да патуваат до другите населби, притоа да заштедат на време, а нивните родители да заштедат на финансиски средства.
Согласно Конкурсот за запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2013/2014 година издаден од Министерството за образование, во средното стучно училиште „Илинден“ ќе се запишат 68 ученици за електортехничка струка. Од нив половина ќе можат да се запишат во паралелката за електротехничар за електроника и телекомуникации и 34 ученици за електроничар за компјутерска техника и автоматика.
Изборот на насоките што ќе се реализираат во новото средно училиште е резултат на успешната соработка на локалната самоуправа и бизнис секторот во Општината. По сеопфатната анализа за потребите од соодветни кадри за стопанството во Општината произлезе изборот на средното училиште кое ќе профилира кадри кои што веднаш по завршувањето ќе бидат оспособени да се вклучат во производствените процеси. Оваа практика од поодамна позната во светот, за прв пат во нашата земја се применува токму во Општина Илинден, благодарејќи пред се на добрата соработка на локалната самоуправа со бизнис заедницата.
Општина Илинден
Одделение за поддршка на Градоначалникот
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment