MKDNews.com

Го избодел својот татко на улица, па сам си ги сечел дланките со пила (видео)

јуни 19
16:14 2013

Расправијата помеѓу татко и син на сред улица во калифорнискиот град Рединг, прераснала во крвава драма кога 27-годишниот Џејсон Ден прво со ножици неколку пати го избодел својот 59-годишен татко Грегори, а потоа си ги исекол своите дланки со електрична пила. Од полицијата изјавиле дека и двајцата се живи и покрај повредите опасни по живот.

Во моментов трае истрага за обид за убиство, но се уште нема никакво обвинение, пишува CNN.

Соседите ја слушнале кавгата, а еден од нив повикал полиција. Гери Рејнхарт за телевизијата KRCR, изјавил дека видел како таткото и синот биле пренесени во болница со две посебни амбулантни коли.

Тој навел дека синот имал многу крв на краевите на рацете, како да немал дланки, а дека таткото бил крвав на горната половина од телото.

“Тоа е дефинитивно најлудата работа што се случила на оваа улица”, изјавил Рејнхарт.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.