Ги дрогирала децата за да спијат
јуни 18
22:39
2013
Тами Еплеј од Охај која работи како Воспитувачката е осомничена дека на децата во градинката во која работела, им ставала јаки апчиња за спиење и хормон Мелатонин во ужинката, за да можат да спијат преку целиот ден.
Полицијата ја открила преку смс пораките и видео снимките кои Тами ги пратила до своите пријатели, и ја тужат по шест точки, меѓу кои и доведување деца во опасност.
– Едно од децата сфатило дека нешто не е во ред, и рекло на воспитувачката дека бомбоните на тортата и мафините имаат чуден вкус – велат од полицијата.
Еплеј ставала и лек за смирување, бенадрил, во смесата за палачинки и во сокот.
Воспитувачката ги негирала обвинувањата во телефонско интервју за Ен-би-си.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment