MKDNews.com

Фотографија од Супер Месечина сликана во Охрид на CNN

јуни 25
21:48 2013

cnn-2s

Фотографија од Супер Месечината на Охридското езеро, направена од Стојан Стојановски 2С повторно се појави  ”Ај репорт” ( I Report ) а со тоа и диркно во вестите на СИ ЕН ЕН ( CNN ) светската телевизија број 1.

Фотографијата е направена од Старо пристаниште во Охрид околу 3 часот наутро и направена е со т.н. долга експозиција, во случајов од 30 секунди.

Натписот SUPER MOON на фотографијата е направен со мобилен телефон каде помогна Игор Настоски во моментот додека апаратот фотографирал.

Фотографијата е оригинал и натписот не е доработуван дополнително, благодарение на фотографирањето со долга експозиција.

Ова не е прв пат СИ ЕН ЕН да објавуваа фотографии од Охрид направени од Стојан Стојановски, кој стана своевиден бесплатен промотор на град  Охрид пред светската јавност.

Фотографии направени од Стојан Стојаноски објавувани се и на интернет порталите  www.space.com , NBC News , Fox News , Discovery и Hufingtonpost.

 

Tags
CNN

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.