MKDNews.com

Фармерките го слават 140-от роденден

јуни 04
10:46 2013

Dzins-rodjendan 3

Пред 140 години родена е џинс облеката,која во задните педесет години го преплави светот и стана урбана иниформа на сите возрасти,сталежи,професии и е погодна за сите прилики.

Кон крајот на мај 1873 година производителот на облека Леви Штраус и кројачот Џејкоб Дејвис почнале да ги произведуваат фармериките “Levi’s” марка на фармерки,по што САД им го одобриле патентот со кои нитните од бакар се употребуваат за зајакнување на џебовите.

И пред добивањето на патентот продажбата била одлична,посебно меѓу рударите и копачите на злато на кои им било битно џебовите да им останат цели.

Џинсот се прави од памук.Некои сметаат дека најстар предходник на тексасот е дебелото индиско платно од 16 век од Бомбај,а други дека дека фармерките за прв пат се произведени кон средината на 17 век во Џенова за припадниците на морнарицата која барала облека за сите временски пеиики.

Името џинс доаѓа од францускиот јазик “Le Bleu de Genes”,што значи џеновска плава боја.

Во Америка се носени како работно одело,се додека легендарниот Џејмс Дин (кој прерано почина) не се појавил во филмот “Бинтовник без причина”,па во педесеттите станаа симбол на младите.

famerki99

Денес фармерките се популарни низ целиот свет и ги има во многи стилови и бои.Џинсот е едностваен,ефтин и му одговара на секој што го носи.

Се носат во сите прилики,дење,ноќе,на работа,за време на одмор.Дури и добитничката на Оскар за најдобра костимографија во филмот Ана Карењина, Жаклин Дуран, дошла на доделување на ова високо филмско признание во фармерки.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment