MKDNews.com

Еве како да сте во бар со пријателите ,без мобилниот да не ви го одзема вниманитето(видео)

јуни 26
03:39 2013

Зарем не е некултурно додека седите во бар со пријатели, тие постојано да го чепкаат својот мобилен телефон?

Сопствениците на еден бар од Бразил дошле до интересна идеја како да се справат со ова однесување.

Тој своите пивски чаши ги предизајнирале со намера тие да стојат исправени само доколку под нив има мобилен телефон, па така гостите ќе мораат да ги остават мобилните на маса додека уживаат во чаша ладно пиво.

pivo-na-mobilen“Целта на овој бар е да ги собере пријателите на едно место, за да уживаат во заедничкото време. Затоа нашата цел е да ги натераме да разговараат меѓу себе наместо да гледаат постојано во телефонот”, вели Флавиус Синира, еден од сопствениците на барот.

А доколку помисливте дека кондензацијата од ладното пиво ќе ви го оштети телефонот, од маркетиншката агенција која ја креираше оваа чаша велат дека тоа е невозможно поради нејзината големина и облик.

Со оваа интересна чаша тие очекуваат дека ќе ги „спасат“ луѓето од онлајн светот и ќе ги натераат повеќе да разговараат лице во лице, отколку преку интернет.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.