Есма Реџепова е третиот национален уметник на Македонија
Со новата титула нашата кралица на ромската музика доживотно ќе добива месечна пензија од 60.000 денари.Есма Реџепова, по Симон Трпчески и Милчо Маневски, е третиот национален уметник што го доби Македонија. За добитникот на ова престижно признание одлучи комисија при Министерството за култура. Како носител на титулата, Есма месечно ќе добива доживотна пензија од 60.000 денари.
– Есма Реџепова ја промовираше македонската култура во меѓународен и светски контекст. Таа е своевиден бренд на Македонија уметник кој заслужува признание од ваков висок ранг. Во текот на своите 55 години активно музицирање учествувала на врвни музички фестивали и има дадено голем придонес во афирмирањето на македонската култура и традиција надвор од нашата држава – рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Конкуренција на Есма и бил оперскиот уметник Борис Трајанов, номиниран од Македонската опера и балет. Реџепова била номинирана од страна на невладината организација „Маестро фолк фест“.
За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска одржала повеќе од 12.000 солистички концерти, а нејзината дискографија ја сочинуваат 15 албуми.
Есма и Лозано годинава требаше да ја претставуваат Македонија на Изборот на песна на Евровизија со песната „Империја“, но по реакциите на јавноста, одлуката беше променета, па настапија со „Пред да се раздени“.
Титулата свечено ќе ѝ ја врачи претседателот Ѓорѓе Иванов на Денот на независноста, 8 Септември.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment