Експлодирал моторот на Авион полн со патници (видео)
јуни 26
14:22
2013
На авион од типот „Ербас А330“ при обид да полета од писта на аеродромот во Манчестер му експлодирал десниот мотор, објави Дејли Меил. За среќа пилотот веднаш го прекинал полетувањето и леталото го запрел на пистата. Во авионот тогаш имало 325 патници.
– Можеме да потврдиме дека инцидентот се случи на аеродромот во Манчестер во текот на летот кон Доминиканската Република. Авионот имаше проблеми со моторот и не полета поради безбедносни причини. Патниците не беа во опасност, изјавил портпаролот на компанијата „Thomas Cook Airlines“
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment