MKDNews.com

Едвард Сноуден преку Москва, заминува за Каракас (видео)

јуни 23
17:01 2013

SnowdenFlight2306e

Аерофлот соопшти дека поранешниот соработник на американската Национална служба за безбедност Едвард Сноуден слетал во Москва. Претходно претставник од „Аерофлот“ потврди дека патник со тоа име ќе пристигне денеска во Москва со лет од Хонг Конг, а утре, 24 јуни, со лет во 14.05 часот ќе замине за Хавана, а од таму за Каракас. Сноуден не побарал руска виза и летот за Хавана ќе го чека во транзитна зона.

mqdefault555Сноуден на патувањето е придружуван од адвокати на „Викиликс“ и дипломати, чија националност не е позната.

Викиликс објави дека Сноуден е на пат кон демократска земја, по безбеден пат, со цел да побара азил. Тој е придружуван од правни советници на Викиликс и дипломати, се наведува во соопштение објавено на Интернет страницата, формирана од Џулијан Асанж.

– Господин Сноуден побара од Викиликс да го искористи неговото правно искуство, со цел да ја обезбеди својата безбедност. Откако ќе стигне на конечната дестинација неговото барање ќе биде официјално доставено, стои во соопштението на Викиликс.

Поранешниот шпански судија Балтасар Гарсон, кој е адвокат на Џулијан Асанж, изјави дека е подготвен да го брани Сноуден.

– Правниот тим на Викиликс и лично јас имаме обврска да ги заштитиме правата на господин Сноуден и да го чуваме, нагласува Гарсон во соопштението.

Гарсон истакнува дека тоа со што се соочуваат Сноуден и Асанж, бидејќи откриле или олесниле откривање информации од јавен интерес, е агресија врз народот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment