MKDNews.com

Џеки Чан создава мјузикл за својата биографија

јуни 13
07:10 2013

chan

Ѕвездата работи музичка верзија на автобиографија од 1998 година “Јас сум Џеки Чен: Животот ми e во акција”, која раскажува за животот на неговите родители, за образованието во Peking Opera School и за постигнување на славата.
Мјузиклот ќе се фокусира на неговите рани младешки години, неговото учество во детската акробатски група Seven Little Fortunes и неговите напори да излезе од сенката на иконата на боречките вештини Брус Ли.
“Во моментов сме во потрага на режисер за мјузиклот. Многу е возбудливо”, изјави Чан пред новинарите во Њујорк. Актерот откри дека работи на продолжението на автобиографската книга со работен наслов “Јас сум сеуште Џеки Чан”. “Првата книга излезе пред 15 години, а мојата кариера беше многу, многу возбудлива и интересна оттогаш”, изјави актерот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.