MKDNews.com

Џастин Бибер прегази фотограф

јуни 19
00:26 2013

BIBBBBEERRR

Џастин Бибер удрил во фотограф со неговото бело “ферари” во Холивуд и фатен е на камера. Но, полицијата соопшти дека не е направен никаков прекршок и дека повредите не се опасни по живот.
Полицискиот поручник Крег Валенцуела изјави дека Бибер удрил во човекот на булеварот Сансет во 23 часот и 45 минути во понеделникот вечерта.
Валенцуела нагласи дека никој не е приведен и дека е заклучено дека не е извршен никаков прекршок.
Иследниците се обидуваат да одредат дали пешакот одел по улица.
На видеоснимката објавена на веб страницата ТМЗ.цом се гледа како Бибер влегува во автомобилот.
Опкружен е со папараци и како што автомобилот почнува да се движи, еден од нив паѓа на земја и си го гребнува коленото.
Портопаролката на Бибер не беше достапна за коментар.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.