Дожд проследен со град во Берово (фото)
Обилни врнежи од дожд и град попладнево го погодија Берово. Нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд. По високите температури кои ја загреаа Македонија како под вршник, летното разладување во овој град ги остави улиците празни.
Нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветар прогнозираа и од Управата за хидрометеоролошки работи за попладневните часови. Температурите денеска ќе се движат до 38-от степен, но се очекува и разладување. Наместа, предвидуваат оттаму, ќе има поизразена нестабилност со невреме и пообилни поројни дождови, грмотевици па и појава на град особено во источниот и југоистичниот дел на земјава.
Истата временска состојба ќе продолжи во текот на неделава. Според УХМР се очекува малку попријатно време, променливо и облачно. Ќе има и сончеви периоди, но во попладневните часови локално ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотрајни поројни дождови, грмежи и со засилување на ветерот. Вредноста на УВ индексот ќе биде околу 7.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment