MKDNews.com

Достоинство ја напушта коалицијата на СДСМ , Ангелов на избори оди сам

јуни 24
22:49 2013

angelovОтворена е можноста Достоинство да ја напушти коалицијата на СДСМ и на следните парламентарни избори, партијата на Стојнче Ангелов сама да ја бара доербата од граѓаните.

Достоинство веќе подолго време разгледува опција за самостоен настап на следните избори за што се информирани и нашите коалициски партнери, најави вечерва Стојанче Ангелов лидер на партијата Достоинство во интервју на телевизијата АТВ.

Во едночасовното интервју Ангелов анализираќи ги последните изборни резултати на опозициската коалиција како последица на како што рече црната пропаганда на владејачката партија и злоупотребите на изборната машинерија, обелодени дека во Достоинство е отворена опцијата за излегување на неговата партија од коалицијата со Бранко Црвенковски. Ангелов беше категоричен дека ваквиот потег е предизвикан пред се поради интересот на партијата на изборите да настапи самостојно, а не поради каква било идна коалиција со ВМРО – ДПМНЕ како што тоа веднаш ќе биде протолкувано.

Бранко Црвенковски (СДСМ), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Андреј Жерновски (ЛДП), Стојанче Ангелов (Достоинство) и Раде Милосовски (Обединети за Македонија) го потпишаа договорот за опозициски фронт „Сојуз за иднината“ пред повеќе од една година.Тогаш решија да ги остават настрана сите идеолошки разлики и беа насочени само кон една цел – борбата против, како што велеа, недемократското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски.

По катастрофалниот пораз на опозицијата на локалните избори Достоинство почна активности за кои како што изјавуваше Ангелов, не само што не барал коалициска поддршка туку истовремено им се обраќал и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Пред се кога Достоинство почна да собира потписи за референдум.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment