MKDNews.com

Досегашната фирма концесионер на паркинзите во Охрид тврди дека во целост ги испочитувал обврските од договорот за закуп на паркинзите

јуни 06
17:01 2013

milkamitreska

Полицијата ги легитимирала вработените кои наплаќаат за паркинг – простор во централното градско подрачје, а две лица денеска со комбе биле спроведени до полициската станица затоа што вршеле наплата, обвинија од компанијата „Сузуки – МТ“ која ги има под закуп паркинг-местата во Охрид.
– Секојдневно се врши идентификација и легитимирање на вработените лица на паркинг-просторот од страна на полиција, во еден наврат е извршено и сликање на сите вработени затекнати на лице место, колку што ни е познато, од страна на крим-полиција. И покрај тоа што имаме валидни договори за закуп на паркинг-просторот, полицијата денес ги отстрани од работните места, а дури две лица беа спроведени до полициската станица со комбе само заради тоа што вршеле наплата, изјави денеска на прес-конференција, управителката на „Сузуки МТ“, Милка Митреска.

Според неа, компанијата закупец, ги исполнила обврските од Договорите за закуп на паркинзите низ градот, а заклучокот на Советот на Општина Охрид изгласан на 10 мај годинава кој вели дека треба да се раскинат Договорите за закуп бидејќи се штетни за општината, бил донесен врз основа на неточни податоци.

– Вработените се пријавени на неопределено работно време, за што имаме и уредна документација ППР образец, како и М1 и М2 обрасци за пријава заверени од страна на Агенцијата за вработување и извод од 13.05 2013 година издаден од страна на Агенцијата во кој стои дека лицата се вработени на неопределено време. Што се однесува до бројот на вработените, точно е дека се 10 наместо 12, но за останатите двајца е известена другата договорна страна согласно договорните обврски и приложениот список за лица кои треба да се преземат од јавното претпријатие „Билјанини Извори“, појасни Митреска.

Таа се пожали, дека во известувањето што компанијата „Сузуки – МТ“ го добила вчера од Општина Охрид дека го раскинува едниот договор за закуп на паркинзите склучен во јули минатата година, нема никакво образложение кој услов од договорот не е испочитуван.

– Соработката на Општина Охрид со нас е на незадоволително ниво. Имаме поднесено барање за поставување сообраќајни знаци односно означување на улиците и обележување односно фарбање на истите од 29 март 2013 година. Во врска со рампите и паркираната опрема која што ја имавме поставено од наша страна, известуваме дека согласно Договорот од 5 јули 2012 година, бевме задолжени истата да ја поставиме. На 17 декември минатата година поднесовме бараењ за поставување на истата опрема, подоцна поднесовме и ургенција во врска со истото, и до ден-денес не ни е одговорено, кажа Милка Митреска, управителката на „Сузуки – МТ“, фирмата која ги зеде под закуп паркинг-просторите во централното градско подрачје во Охрид.

Супер радио

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment