MKDNews.com

Денес многу топло, во вторник услови за град

јуни 16
09:20 2013

16.06.2013

Денес температурата до 35 степени, во вторник ќе биде и пожешко, а во среда ќе има краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 36°C. УВ индекс 8.

Во вторник во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло. Попладне услови за локален дожд и грмотевици ќе има во крајните западните и крајните источни и југоисточни предели, каде можна е и појава на град. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 37°C. УВ индекс 9.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.