Чешкиот премиер заради љубовницата си поднесе оставка
Чешкиот премиер Петр Нелас објави во неделата доцна навечер по седницата на неговата владејачка Граѓанска демократска пратија (ОДС) дека во понеделник ќе поднесе оставка, по корупцискиот скандал во кој е вмешана и неговата наблиска соработничка љубовница и шефица на неговиот кабинет.
Со ова Чешка влегува во периодот на несигурност за тоа кој ќе ја состави следната влада. Според чешкиот уста, оставката на премиерот, во случајот Петр Нечас подразбира оставка на целиот негов владин кабинет од десниот центар, а аналитичарите очекуваат дека изборот на новиот мандата нема да биде едноставен.
Нечас поднесува оставка откако полицијата ја уапси влијателната шефица на неговиот кабинет и негова блиска соработничка Јана Нагиова под обвинение дека ги поткупувала пратениците и за своите лични интереси ја злоупотребувала воено-разузнавачката служба. Според чешките медиуми, една од жртвите на нелегалното шпионирање била и сопругата на чешкиот премиер, од којашто тој во моментов се разведува.
Премиерот Нечас изјави дека не знае ништо за тоа шпионирање, меѓутоа обвинувањата се премногу сериозни и коалициските партнери му сугерираа дека веќе не можат да го поддржуваат. „Утре ќе поднесам оставка”, изјавил Нечас по долгиот состанок на раководството на ODS.
Додал дека неговата партија ќе се обиде да создаде нова влада со друг мандатар, како би останала на власт до редовните избори коишто треба да се одржат пролетта 2014 година. Сепак, засега не е сигурно дека тоа ќе го поддржат коалициските партнери на ODS и претседателот Милош Земан.
Чешкото правосудство објави претходно во саботата дека одредило притвор за Јана Нагилова, околу која се врти корупцискиот скандал кој од четвртокот ја потресува земјата.
Чешките таблоиди подолг период наназад нагаѓаат за односите меѓу Нечас и Нагилова. Премиерот во вторникот објави дека се разведува од сопругата. Нагилова, пак, според полицијата, вршела „притисок врз Петр Нечас за да постигне да се разведе од сопругата Радка”. Обвиненијата се подигнати и против двајца генерала и еден полковникот од чешкото воено разузнавање.
Нагиова, исто така, е осомничена дека во ноември 2012 година го организирала сменувањето на тројца „бунтовни” пратеници на партијата ODS во замена за влијателни позиции во јавната администрација. Двајцата од нив, поранешниот министер з аземјоделие Иван Фукша и поранешниот претседател на пратеничката група на партијата Петр Тлухор, исто така, во саботата беа задржани во притвор.
„Корупцијата сигурно може да биде во облик на важно работно место или услуги од нематеријален карактер”, изјави обвинителот Иво Иштван. Доколку се докаже ова дело, на Нагиова ѝ се закануваат пет години затвор.
Цел на полициските кации ноќта кон четвртокот беа и неколку чешки бизнисмени и контроверзни лобисти поврзани со градските власти на чешката престолнина прага, исто така, осомничени за многу малверзации. Меѓутоа, тие во последен час успеале да побегнат од земјата. Полицијата во 31 разија запленила меѓу 47, и 5,8 милиони евра, како и десетици килограми злато. Се смета дека токму Нагиова е вмешана во сите тие афери.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment