Чаирчани против изградба на висококатници во парковите (видео)
јуни 16
19:11
2013
Чаирчани денеска излегоа на протест и на градоначалникот Изет Меџити му поставија ултиматум – веднаш да запрат сите градежни активности не само во нивниот двор, туку на целата територија на општината, јави „Канал 5“.
Во првите редови на протестот беа деца кои држеа пароли „Сакаме паркови и игралишта, а не згради“, со што негодуваа поради тоа што според урбанистичкиот план, зградите треба да се градат во паркот пред нивните домови.
Жителите на Чаир, до градоначалникот Изет Меџити, градот Скопје и до министерствата за транспорт и врски и животна средина поднесоа иницијатива со која бараат да се смени деталниот урбанистички план за изградба на висококатници веднаш до, како што велат, нивните прозорци.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment