Цеца направи спектакуларен концерт пред 130.000 луѓе (фото/видео)
Како што јавуваат српските медиуми, синоќа турбо-фолк пејачката Цеца, направила концерт за паметење, пред околу 130.000 луѓе.
Со пола час задоцнување, концертот Цеца го отворила со песната „Lepi grome moj“ а следувале, Oproštajna večera”, “Ja još spavam”, “Zaboravi”, “Neodoljiv neumoljiv”, “Rasulo”.
-Целата се тресам! Сакам само да се заблагодарам на Господ и на сите вас! Добра вечер Белграде! Добра вечер Србијо! Добра вечер на сите кои дојдоа од поранешните републики,уживајте вечерва! Сите кои ги сакам се вечерва тука, а вашата љубов ми е најважна, моите семејства и вашите – изјавила Цеца, која била видно возбудена.
Пејачката излегла во бел провиден комбинезон а преку неа имала бел плашт кој го фрлила на публиката.
Таа пеела околу четири часа, а според организацијата и настапот се видело зошто Цеца е една од најбараните пејачки на Балканот.
Концертот завршил околу 1 часот и 20 минути, после неколку враќања на бис, со голем огномет.
Освен 1.200 работници во продукцијата и привантото обезбедување, кој ги ангажирал Александар Милиќ, за безбедноста на концертот се грижеле уште 700 полицајци.
На концертот имало голем број познати личности, како од светот на спортот, така и глумци и пејачи.
За време на концертот, Цеца избра да носи три комбинации кои ги менуваше за време на концертот а испеа вкупно 47 песни, од кои еве дел.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment