MKDNews.com

Бугарски интелектуалци бараат потрвда позиција на Бугарија кон Македонија

јуни 28
20:21 2013

MakedonkaИнтелектуалци, историчари и општествени работници испратија писмо до претседателот Росен Плевнелиев, претседателот на парламентот, Михаил Миков, премиерот Пламен Орешарски.
Писмото е во врска со обидите за ревизија на бугарската позиција во врска со членството на Македонија во Европската Унија.
Писмото беше испратено и до раководството на ВМРО – Бугарско национално движење.
“Враќањето кон политиката на компромиси и континуирани отстапки нема да придонесе ниту за подобрување на имиџот на Бугарија во очите на најмладиот сосед,ниту за давање права на бугаририте во Македонија, ниту до прекин на јазикот на омразата, ниту од откажување од национални, етнички и последователни територијални претензии кон Бугарија “, се вели во писмото.
“Бугарија мора да ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и нејзиниот пат кон европските вредности.
Оваа позиција не треба во никој случај да биде за сметка на националните интереси на Бугарија и во компромис ниту со правата на Бугарите во Македонија, ниту со нашето историско и културно наследство, со меморијата на нашата земја.
Владите и парламентите ќе доаѓаат и ќе си одат од политичкиот живот на земјата, но националните интереси и авторитетот на Бугарија треба да бидат обединувачки за сите државни и јавни личности во јавниот живот на земјата.
Македонија треба да го изоди својот пат кон членството во Европската унија, да проживее внатрешни конфликти и одговорно да ги исполни сите принципи за добрососедство “- се вели во обраќањето.
Писмот е потпишано од професори, доцент и доктори на науките, како и бројни општествени работници.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment