MKDNews.com

Британец бакнал Турчинка- 10 пати го боделе со нож

јуни 28
15:33 2013

Еден британски тинејџер е тешко повреден во турското одморалиште Мармарис, откако непознати напаѓачи неколкупати го избоделе со нож, затоа што бакнал млада Турчинка.
Седумнаесетгодишниот Двеин Ворд е пронајден во еден парк, сосема гол. На неговото тело полицијата забележала десет рани од убод на нож во пределот од стомакот, градите, грбот и на грлото.

Тешко повредениот Британец е итно префрлен во локалната болница, а лекарите потврдија дека се бори за својот живот.

Во кусото соопштение на болницата се вели само дека неговата здравствена состојба е критична.

Турската полиција отвори истрага за тешкиот инцидент, но засега не се знаат сите детали околу случајот кој ги вознемири бројните британски туристи кои летуваат во тој дел од Турција.

Познато е само дека тој бил во еден од локалните барови, а сведоци велат дека бакнувал некоја млада турска девојка.

На летување дошол со својата мајка и братот, а во Мармарис бил само неколку дена.

Мармарис е многу популарна дестинација за Британците кои масовно летуваат во ова одморалиште на турскиот егејски брег

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.