MKDNews.com

Брачна двојка од Скопје која дошла во Охрид да купи половно возило доживела вистинска драма

јуни 05
19:11 2013
prijaven1q

Фото:СВР Охрид

Наводниот продавач на возилото во својот стан ги послужил со инстант кафе и кисела вода, по што тие паднале во бесознание.Се освестиле на планината Галичица од каде што се јавиле за помош во полицијата која го привела еден од разбојниците.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(37) и Г.П.(37) двајцата од Охрид. Второпријавениот е во бегство поради што СВР Охрид презема интензивни мерки за негово пронаоѓање.

Пред три дена прво пријавениот на автобуската станица во Охрид, по претходен телефонски договор ја пречекал брачната двојка Р.Ѓ. и С.Ѓ. од Скопје со кои имал претходни телефонски контакти околу купопродажба на патничко моторно возило марка „мерцедес“. Неодамна, двајцата пријавени на социјалните мрежи поставиле оглас за продажба на патничко моторно возило марка „мерцедес ЦЕ 220“ произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Во меѓусебните контакти, двајцата пријавени со измама успеале да ја убедат брачната двојка да допатува во Охрид. По нивната средба во Охрид, првопријавениот кој на брачната двојка лажно им се претставувал користејќи го името Сашо, ги одвел во својот стан на улицата „Мирче Ацев“ каде им кажал дека неговата сопруга за брзо време ќе дојдела и ќе го донесела возилото. Притоа, првопријавениот ги послужил сопружниците со инстант нес кафе и со кисела вода. Набрзо тие почувствувале замаеност и зашеметеност по што се губи нивната меморија.Тие несвесни за своите постапки не се сеќаваат кој, кога и како ги изнел од станот. Истиот ден околу 18 часот и 40 минути, откако се освестил сопругот Р.Ѓ. забележал дека лежи на трева во планински предел. Тој на тревата позади себе ја забележал неговата сопруга.

Од нејзината ташна и несесерот биле одземени пари вкупно 2800,оо евра и 58.000,оо денари. Тој од мобилниот телефон на сопругата се јавил во СВР Охрид кажал дека не знае каде се наоѓа и дека гледа шума и езеро. По кратко време на патот во близина на местото каде се наоѓала брачната двојка се појавило патничко моторно возило.Оштетениот Р.Ѓ. од луѓето во колата дознал дека се наоѓа во место викано „Корита“. Тука брачната двојка е пронајдена од полициските службеници и пренесена во општата болница во Охрид каде се констатирани набиеници и огреботини по главата, градниот кош и екстремитетите на сопружниците и употребено средство за со непозната содржина за успивање
Второпријавениот откако купил инстант нес кафе и кисела вода од продавница и му ги дал на првопријавениот, се сокрил во подрумска просторија од зградата на улицата „Мирче Ацев“. Тука тој чекал првопријавениот да ги доведе во бессознание сопружниците по што двајцата ги сместиле во патничко моторно возило и ги однесле на местото викано „Корита“ на планината Галичица. По извршениот претрес во домот на првопријавениот, одземени се повеќе предмети кои се испратени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.