MKDNews.com

Бомба уби 11 студентки во Пакистан

јуни 15
17:56 2013

6f42b1e9104bНајмалку 11 студентки загинаа и околу 22 се повредени по експлозија на бомба,поставена во автобус на женскиот универзитет во градот Куета, кој се наоѓа во југозападниот дел на Пакистан, пренесоа светските агенции.
“Експлодира импровизирана експлозивна направа во автобус на женскиот универзитет во градот Куета”, соопшти шефот на градската полиција Зубаир Махмуд .
Сите загинати се студентки.
Бомбата експлодирала откако девојките се качиле во автобусот.
“Во моментов испитуваме дали станува збор за експлозивна направа со далечинско управување”, соопшти Махмуд.
Од болницата, каде се прифатени настраданите, соопштија дека многу од повредените студентки се во критична состојба.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.