Бизнис семејството на Општина Илинден се проширува за уште два члена
По денешното електронско јавно наддавање, уште двајца инвеститори стануваат дел од бизнис семејството во Општина Илинден.
На јавното наддавање за преостанатото слободно земјиште наменето за стопански развој, сопственик на една од парцелите наменета за изградба на откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи стана турскиот инвеститор Атајмач. Парцелата е со поврина од 87.065 м2 и се наоѓа во Стопанскиот комплекс „Илинден“.
Површината на втората парцела во истиот стопански комплекс, чиј сопственик стана инвеститорскиот тим од Германија Г.Р.А.Д Екологија, фирма која што се занимава со рециклирање, изнесува 19.334 м2.
Поволните услови што Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки за инвеститорите, како и континуираните вложувања во квалитетна патна и комунална инфраструктура, придонесуваат бизнис семеството во Општината секојдневно да се зголемува. Не случајно Општина Илинден станува лидер по инвестиции и вложувања во регионот, за што сведочи и големиот број компании, кои веќе станаа составен дел од работењето и пулсирањето на Општината.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment