MKDNews.com

Бесплатна членарина за првите 200 ученици и студенти од Општина Илинден

јуни 10
16:42 2013

Opshtinska Biblioteka Ilinden 1

Со цел да го приближи пишаниот збор, пред се до најмладите, за првите 200 ученици и студенти што ќе се зачленат во „Општинската библиотека Илинден” годишната членарина ќе биде на трошок на Општина Илинден.
„Општинска библиотека Илинден“, сместена во Домот на култура „Илинден“, беше предадена во употреба кон крајот на мај годинава. Библиотеката во чии рамки се наоѓа и читална располага со фонд од над 10.000 книги во кои се опфатени книгите од Проектите на Владата на Р.Македонија :
• „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“,
• “Едиција 130 тома македонска книжевност“
• “Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“.
Општина Илинден преку изградба на инфраструктурни културни и образовни објекти создава услови за подигање на културно-образовните вредности. Нејзина заложба е унапредување на образованието, создавање услови за комплетно и компетентно образование.

Opshtinska Biblioteka Ilinden 2Opshtinska Biblioteka Ilinden 3

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.