Бесими му одговори на Милошоски
Процесот на зачленување на Македонија во евроатлантските организации е стратешки процес на државата која ја има поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија, напиша вицепремиерот Фатмир Бесими на својот Фејсбјук профил. Со ова Бесими му одговори на Антонио Милошески кој утрово изјави дека Бесими треба да поднесе оставка.
-Ние сите заедно како општество мора да изградиме волја и да вложиме напори за целосно да ја интегрираме нашата држава во ЕУ и НАТО. Ние имаме обврска на сите области значајни за овој процес да покажеме напредок, и за тоа институциите и партиите треба да преземат одговорност и сопственост над процесот и потребните реформи. Во таа смисла, прашањето за името е исклучително важно и за него мора да покажеме посветеност и напредок. Наша обврска е паралелно, да работиме и на сите останати потребни реформи и да ги спроведеме што побрзо и поквалитетно, за пристапниот период да го скратиме што е можно повеќе. На крајот, по овие прашања не смееме да си дозволиме да се однесуваме пасивно, емотивно или дневно политички зошто тие преставуваат стратешки приоритет на сите граѓани на РМ, вели Бесими на својот Фејсбук профил.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment