MKDNews.com

Бериша плачејќи го призна поразот ,се повлекува од партијата

јуни 27
16:12 2013


Сали Бериша ,сега веќе поранешен премиер на Албанија на прес конференција се обрати пред албанскиот електорат како никогаш досега. Тој изјави дека ќе ја почитува волјата на граѓаните.

– Во мојата политичка кариера повеќе од две децении јас на секоја позиција која сум бил себе си се гледав како човек кој е во служба на мојот народ и мојата земја. И покрај моите здравствени проблеми, никогаш не се откажав од исполнувањето на моите обврски, одговорно и доследно, рече меѓу другото Бериша кој не издржа и во еден момент почна да плаче пред насобраните приврзаници. .

Бериша напомена дека поразот се должи затоа што граѓаните гласале за противничкиот табор и нивната програма. Програма која според него не може да се реализира.

– Нашите граѓани гласаa за програмата на нашите опоненти, за ветувања кои не може да се реализираат, како што е бесплатно здравство и укинување на даноците, зашто овие ветувања не можеме да ги реализираме бидејќи тие се во спротивност со рамноправните економски слободи, рече Бериша, притоа честитајќи му ја победата на политичкиот противник и посакувајќи му успешна работа.

– Но за поразот одговорноста паѓа врз мене, врз Сали Бериша. Затоа давам оставка од сите функции во Демократската партија, нагласи Бериша.

Поранешниот премиер се заблагодари на сите приврзаници и им порача дека ова не е збогум. Тој ќе остнае на функцијата прв човек во партијата се до изборот на неговиот наследник.

Тој се забагодари на сите приврзаници на ДП, им порача да се чувствуваат горди а неговото обраќање да не го сваќаат како збор за збогување.

Бериша, како што самиот рече останува на функцијата премиер до септември, кога парламентот треба да ја изгласа новата влада, како и на чело на партијата до избор на негов насленик.

– Бог да ги благослови ДП и Албанците каде и да се.Со овие зборови Бериша го заврши обраќањето. Според медиумите најсериозен кандидат за наследник на Бериша е актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.