Автобус го украде финишот на Тур де Франс (видео)
Драма на финишот на првата етапа од најелитната велосипедска трка 100. Тур де Франс. Еден од тимските автобуси се „заглави“ под линијата на целта во моментот кога возачите беа на само 15 километри од финишот!
Речиси десет минути техничарите и помошниот персонал се обидуваа да го решат проблемот со автобусот. Имајќи предвид дека велосипедистите се приближуваа до целта, организаторите на трката одлучија да ја поместат целта три килемтри наназад. Сепак, оригиналната финиш линија била вратена назад, откако на автобусот му беа издишале гумите и така успеаја да одглават од завршната линија.
Целата ситуација сепак негативно се одреази врз возачите, кои преку радио врска добиле информација за за проблемот. Тоа ги деконцентрирало, па поголема група возачи падна на два километри пред целта.
После целата смешна сцена на финишот, германскиот велосипедист Марсел Кител ќе влезе во историјата како победник во првата фаза од трката.
(Извор: NY Daily News)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment