MKDNews.com

Анти Обама протести во Германија (видео)

јуни 19
18:51 2013

Председателод на САД Барак Обама кој е во посета на главниот град на Греманија ,Берлин привлече и голем број луѓе кој незадоволни од програмите за следење на америкнските граѓани го искажаа својот револт.
Демонстрантите во Берлин покажаа што мислат за откривањето на широко распространета надзор програма на Вашингтон – од кои Германија беше меѓу првите цели.

barack_obamaОбама предходно се обрати во Берлин и посочи дека САД можат да ја гарантираат својата безбедност и на нивните сојузници и да поддржат „силен и надежен стратешки арсенал за воздржување“, со намалување до една третина на стратешкото нуклеарно оружје.

– Планирам да побарам намалување на нуклеарниот арсенал со Русија и да воведам нова нуклеарна политика по Студената војна, посочи Обама.

Тој истакна дека Вашингтон планира заедно со партнерите од НАТО да разработи нов план за намалување на тактичкото нуклеарно оружје, како и дека во 2016 година САД ќе организираат самит за безбедност на нуклеарните материјали во светот.

Претходно, Јуриј Ушков, советник за надворешнополитички прашања на рускиот претседателот Владимир Путин изјави дека Русија е информирана за предлогот Обама за продолжување на нуклеарното разоружување, но оценува, оти во процесот треба да се вклучат и други земји, кои имаат нуклеарно оружје.

– Треба да се вклучат и другите земји кои имаат нуклеарно оружје во процесот за намалување на нуклеарниот арсенал. Ситуацијата не е како во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кога само САД и СССР водеа преговори за намалување на нуклеарните арсенали. Сега треба да гледаме посеопфатно и да го прошириме кругот на учесници, и да воспоставиме евентуални контакти во таа насока, истакна Ушков.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment