MKDNews.com

Алфите“ во мај пронашле униформи на УЧК , и привеле 346 лица

јуни 09
23:18 2013

Припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на мај годинава при вршење редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на 801 лица, прегледи на 66 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 346 лица.

Како што соопшти денеска МВР, по основ на телеграма приведени се 51 лице, по основ на потраги, гласник, наредба од Основен суд 29 лица, под сомнение за извршено кривично дело 70 лица, а за извршено кривично дело 24 лица. На лице место во вршење кривично дело се фатени и приведени 10 лица, за издржување казна затвор – петмина, за утврдување идентитет – едно лице, 10 лица странски државјани со нерегулиран престој и шест лица за држење недозволени предмети.

За нарушување на јавниот ред и мир приведени се 53 лица, за поседување оружје 3 лица, а за поседување опојни дроги 57 лица.

Алфите“ исто така при вршење претрес пронашле моторцикл што потекнува од извршено кривично дело; ланче и златен привезок што потекнуваат од извршено кривично дело; Пиштол марка Бровинг кал.7,65 со четири куршуми; два пиштола марка Глок и марка Џерико; пиштол Ц.Застава кал.7,65 со рамка со 7 куршуми и две маскирни униформи со амблеми УЧК; како и 100 парчиња муниција од различен калибар.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.