MKDNews.com

Еден загинат, најмалку 30 повредени во експлозија во хемиска фабрика во Луизијана (видео)

јуни 13
21:17 2013

Едно лице загина, а најмалку 30 лица се повредени при експлозија во една хемиска фабрика во американската сојузна држава Луизијана.
Експлозијата се случила околу 08.30 часот по локално време, а на аматерската видео снимка, што ја објави агенцијата АП, може да се види густ чад над фабриката.

Портпаролот на Министерството за квалитет на животната средина рече од фабриката со хеликоптер биле префрлени во болница три-четири лица, а со возила на итна помош уште околу 30.

На жителите на местото Геисмар, во чија околина се наоѓа фабрика, кажано им е да останат на затворен простор поради безбедносни причини.

Според прелиминарните испитувања, за сега во воздухот не е пронајдено опасно ниво на хемикалии.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.