46 застрелани, 7 мртви изминатиов викенд во Чикаго
Најмалку 46 лица биле застрелани во Чикаго, во сојузната држава Илиноис во текот на изминатиов викендот во еден од серија најкрвави деновите оваа година .
Во понеделник наутро, локалните медиуми објавија дека седум лица загинаа во најмалку 20 одделни инциденти низ градот. Шест од седумте смртни случаи се случиле на различни локации, во кои 16-годишно момче стана најмладиот жртва во јужниот дел на градот, пишува „Чикаго Трибјун“.
Весникот додава дека 13 лица биле застрелани од петокот попладне во сабота, и уште 33 лица од саботата попладне до неделата на празникот на денот на Татковците .
Портпаролот на полицијата од Чикаго,Адам Колинс во изјава за Чикаго Трибјун вели дека досега во 2013 е на пат да биде една од годините во која ќе има најнизок процент на убиство.
Во 2012 година, Чикаго или како што го нарекуваат градот на ветриштата бројот на жртви од огнено оружје надмина 500 за прв пат од 2008 година. Едно истражување објавено минатото лето ги изедначи жртвите во Чикаго со оние во Авганистан.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment