MKDNews.com

30 повредени од невреме во Србија (фото/видео)

јуни 23
17:46 2013


JUSTINDJIJA
Најмалку триесетина лица се повредени во силното невреме проследено со град што ја погоди Србија во саботата дозна навечер во Инџија, во Срем, пренесе во неделата наутро Телеграф.

Претставници на локалната болница изјавиле дека се пријавиле триесетина лица со повреди на главите и екстремитетите кои биле погодени од парчињата мраз со големина на тениско топче.

Силното невреме проследено со град го зафатило регионот на Инџија, меѓу српската престолнината Белград и војводинскиот главен град Нови Сад, околу 23 часот предизвикал голема материјална штета на куќите и автомобилите.

Телевизиските репортери јавија дека речиси на секоја куќа во деловите од градот погодени со невремето се скршени прозорци или е оштетен покривот, а има и многу приватни автомобили со скршени стакла.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.