MKDNews.com

23.000 Македонци заминаа во Грција,плажите преполни

јуни 21
15:16 2013

kolona-vozila-dojran-300x200Околу 23.000 граѓани вчера и денес ја поминале јужната граница и заминале во Грција за да го искористат продолжениот викенд.

Утрово од 6 до 9 часот поминал ударниот бран на патници од земјава кон Грција на граничниот премин „Богородица“. До 10 часот овде границата ја минале вкупно 7.300 патници, од кои 5.500 на излез од земјата, а 1.800 на влез во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден македонско-грчката граница на „Богородица“ ја минале 16.000 патници.

Денеска е пораздвижено и на граничниот премин „Дојран“. Утрово до 10 часот границата ја минале вкупно 1.516 патници, од кои дури 1.442 на излез од Македонија и само 74 на влез во земјата. Таму во просек автомобилите и автобусите се задржуваа околу пет минути.

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека околу 40 минути, на македонската страна на премините, а на другите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.