MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: што добро направија СДСМ за Неготино ?

јули 22
14:55 2012

zoran-konjanovskiОд ВМРО ДПМНЕ побараа СДСМ да објасни зошто во нивно време земјоделците не добивале субвенции, зошто не донеле ниту една инвестиција, зошто во врем на СДСМ пропаднале речиси сите фирми во Неготино.

Го повикуваме СДСМ и Игор Ивановски да се потсетат и да набројат што добро направија за Неготино додека управуваа со државата. Бидејќи нема ниту една добра работа која ја направија, ние ќе потсетиме што лошо направија за граѓаните на Неготино, изјави денеска Зоран Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ за македонскиот земјоделец е синоним за криминал и пустош. Тие немаат бројки, немаат примери со кои можат да се пофалат. Затоа измислуваат и лажат, но народот не може да се излаже и затоа не им верува’, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

 

Интегрален текст од изјавата на Зоран Коњановски

Функционерите од СДСМ нека им објаснат на неготинските земјоделци зошто не добиваа субвенции, за разлика од денес кога добиваат 130 милиони евра?

Зошто државното земјиште го делеа на свои блиски послушници и лојални спонзори? Ако до 2006 година бea склучени само 411 договори, од 2006 до сега се вклучени 6 172 договори. Значи 411 наспроти 6172.

Нека објаснат зошто во 2003 година вкупното производсво на сите преработувачки компании изнесуваше 21 000 тони, а во 2011 изесува 53 000 тони?!

Ако во 2005 обработливата површина за органско производство беше 266 хектари и 50 регистрирани органски оператори во 2010 имаме 5 266 хектари и 526 оператори.

Ако толку добро им одело на земјоделците нека им објаснат зошто во 2006 извозот на земјоделски производи беше 240 милиони евра, а во 2011, 470 милиони евра.

Што се однесува до извозот на вино истиот е двојно зголемен во спореба со времето кога СДСМ беше на власт. Извозот на македонско вино во 2005 година изнесуваше 28,9 милиони евра. Додека во 2011 година, од извоз на вино Македонија оствари 44,7 милиони евра приход.

СДСМ да не замајува и да одговори како Тиквеш му го даде на Свето Јаневски за да после СДСМ ги уценува и малтретира македонските земјоделци.

СДСМ нема донесено ниту една инвестиција во Неготино. За разлика од ова, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе Кромберт и Шуберт која обезбедува 2500 врабтувања, Кемет Електроникс 500 нови работни места, Технокозе 1500 нови работни места, Џонсон Контролс која отвора втора фабрика и нови 1427 работни места, Еуроиталија 200 нови работни места, Мадерсон Груп 200 нови работни места, Стил кон 100 нови работни места….

Одговорноста за овие упропастени судбини е на СДСМ. Во однос на ИМГ која сакаше да гради фабрика е во сопственост на човек кој СДСМ го лансираше за еден од кандидатите за Премиер пред изборите. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега јасно кажува дека нема да дозволи загадување на Неготино.

Со СДСМ започна и се реализира пропастот на скоро сите неготински државни фирми. Од фабриката 9 мај Неготино отпуштија 800 луѓе, од Јадран Неготино без работа останаа 150 луѓе, од Југотон Моша Пијаде Неготино 70 луѓе, од фабриката Македонија без работа останаа 150 луѓе итн.

И на крај нема човек кој реално верува во она што го говори СДСМ. Тие ништо добро не направија. СДСМ за македонскиот земјоделец е синоним за криминал и пустош. Тие немаат бројки, немаат примери со кои можат да се пофалат. Затоа измислуваат и лажат. Но народот не може да се излаже и затоа не им верува.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.