MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ниту една гринфилд инвестиција

јули 24
14:05 2012

vmro-dpmne-stabВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите реагира на денешната прес-конференција на Игор Ивановски од СДСМ на која обвини дека актуелната власт не ги исплонила ветувањата дадени пред локалните избори во 2009 година и оти нема доволно странски и домашни инвестиции во земјава.

– СДСМ нема ниту една гринфилд инвестиција. ВМРО-ДПМНЕ само во минатите неколку месеци има над 10 гринфилд инвестиции, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава, ги зголеми платите за 22 отсто, пензиите за 33,5 отсто, а СДСМ ги намалуваше пензиите и не ги покачи платите.

– ВМРО-ДПМНЕ ја изгради обиколницата околу Скопје, автопатот до Табановце и обезбеди средства за Демир Капија- Смоквица, изгради над 360 километри локални патишта, а СДСМ ниту еден. ВМРО-ДПМНЕ ја изгради браната Света Петка. Оваа Влада започна и ги рехабилитира турбините и генераторите во РЕК Битола, набави нова рударска опрема за рудниците, се изготви проект и се обезбедија средства за првиот ветерен парк, се изработија проекти и се обезбедени средства за Бошков мост и Луково поле, се рехабилитираат постоечките хидро централи, се изгради нов диспечерски центар, нова 400 киловолтна трафостаница во Штип и далековод до Бугарија, …, стои во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment