MKDNews.com

Видео: Павловска Данева упати критика за процесот на лустрација

јули 24
14:02 2012

ana-daneva-7-6Потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска Данева, изјави дека вчера, иако Комисијата сеуште е во работна постапка, по интернет порталите веќе почна јавното жигосување на поединци, а најатрактивното, пикантериите и деталите од досиејата на службите следуваат во наредниот период. Сакаме да потенцираме, дека се работи за примена на законски одредби, кои уставниот суд веќе ги укина како неуставни, а власта со упорно носење на истите одредби во собранието, сака да го спроведе најголемото реално шоу во Македонија

Според неа, македонската јавност треба да биде подготвена да ги прими сите извештаи на оперативните служби во кои се наоѓаат приватни детали од животот на илјадници граѓани, кои на еден или на друг начин се нашле во извештаите на службите, иако, подвлече, најверојатно никогаш не соработувале со нив, ниту претпоставуваат дека се во нечии извештаи.

– На мета нема да бидат само соработниците на службите, туку и оние кои биле предмет на обработка и оние кои случајно се нашле во извештаите на службите. Иако тие нема да бидат лустрирани, детали од нивниот живот, тајните кои сметале дека само тие ги знаат и секако пикантериите кои би биле атрактивни за јавноста ќе се најдат на интернет страниците на комисијата, а потоа сè ќе прерасне во едно медиумско-лустрациско реалити шоу, рече на денешната прес – конференција Павловска Данева.

Според неа, актуелниот Закон за лустрација содржи законски решенија кои се неуставни.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment