Премиерот Груевски ги посети повредените од пожарот во Струмица
Премиерот Никола Груевски вечерва во Градската болница ги посети повредените од денешниот пожар кој ја зафати Струмица. Покрај премиерот Груевски, повредените ги посетија и министерот за земјоделство Љупчо Димовски и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски. Јавува 24vesti.com.mk
Министерството за здравство има формирано Координативно тело кое ќе биде надлежно за справување со ситуацијата.
Според последните информации, пет лица се потешко, а десет полесно повредени при гаснењето на пожарот кај Струмица.Првиот од донесените во Градската болница имал изгореници на 80 отсто од телото, додека за другите не се знае деталната состојба
Пожарот што почна на пладне, во 12 часот, од небрежност, во местото Чамчифлик, зафати борова шума и малку смрека на околу 100 хектари, се прошири, но е изгаснат од дождот во 19 часот и 30 минути.
{gallery stories/2012/grujo-st-bolnica|Премиерот Груевски ги посети повредените од пожарот во Струмица}
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment