MKDNews.com

Повторно се разгорел пожарот над Струмица

јули 25
11:25 2012

pozar

Повторно се разгорел пожарот над Струмица, кај “двата пата“. Комадирот на Струмичката противпожарна единица, Мијалчо Крстев, веднаш по завршувањето на вонредната седница на Советот на општина Струмица, по телефон го извести градоначалникот Зоран Заев, дека пожарот се активирал на местото каде што беше најголемото жариште, во понеделникот попладне.

„Канадерите“ кои ги има на располагање Дирекцијата за заштита и спасување, пред 30 минути, тргнаа да им помогнат на струмичките пожарникари. Гори местото каде што пред неколку дена настрадаа двајца браќа.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев изјави дека поднел итно барање до Дирекцијата за заштита и спасување да испратат во градот „канадери“ бидејќи, повторно се активирал пожарот над градот, кој потпомогнат од силниот ветар брзо се шири.

Пожарот пламна на истото место каде што во огнена стихија загинаа двајцата браќа од селото Рич, а 14 граѓани беа повредени. Во новата акција за спасување на Струмичката населба Турско маало, ангажирани се сите расположливи институции во градот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.