MKDNews.com

Погребани браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов

јули 25
16:08 2012

Pogreb-4

Блажо Стојков и Пено Стојанов се погребани во нивното родно село. Рамо до рамо дома, рамо до рамо во работата, сега рамо до рамо и во вечноста.

Двајцата браќа кои трагично загинаа од пожарот останаа неразделни и во смртта. Километарска поворка, свиткана од болка, очај и тага ги испрати двајцата јунаци до нивното вечно почивалиште. Нивните соселани уште во шок од загубата каква што Рич не помне до сега.

blazo.peno.mkdnews“Многу жално, добри луѓе беа, цело село живееше со нив бидејќи сме мало село и сме поврзани едни со други и тие работеа на државни работи и познаваше многу луѓе, ваква трагедија се нема досега случено во селото“ – вели жителка на Рич.

Директно од струмичката болница пристигна и колегата на браќата, Блажо Иљашев, кој го извадил Блажо од пеколните огнени јазици. Дојде да им оддаде последна почит на неговите пријатели. “Сите нас не повика претпоставениот од “Македонски шуми“ и не распоредија каде да гаснеме. Еден дел успеавме да го изгасниме и се беше тивко. Потоа некаде околу 18:30 часот се создаде страшен ветар и на далечина од околу 200 метри се создаде голем огнен пламен кој не стигна веднаш и незнаевме каде да бегаме

. И колегите кои сега се веќе починати, почнаа да викат дека нема каде да бегаме и скршнавме на спротивната страна и оганот не потисна, помина низ нас, легнавме на мала долинка, а колегите се сокриле на спротивната страна и немало како да се заштитат и така изгореле.

Блажо викаше за помош, но кога дојдов тој беше целиот изгорен јас некако го кренав и го слегнав подолу и толку, не покажуваше никакви знаци“ – вели Блажо Иљашев. И денес гореше над Струмица, додека траеше погребната церемонија ер-тракторите го гаснеа пожарот кој повторно се распламти.

Видео тв Вис

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.