НАСА соопшти за брзото топење на мразот на Гренланд
Ледената обвивка на Гренланд во Јули се растопила многу побрзо од очекуваното, соопшти НАСА.
Слично топење на мразот научниците немаат регистрирано во рамките на сателитските набљудувања во последните три децении. Се растопил дури и мразот на највисокото и студено место во Гренландија – во реонот на истражувачката станица „Самит“ – пренесува Би Би Си.
Топењето на мразот се набљудува на околу 97% од ледената покривка, каде областа се зголемила повеќе од двојно во последните четири дена. Иако во текот на летните месеци по правило се топи речиси половина од ледената покривка на Гренландија, брзината и големината оваа година ги зачудија научниците, кои ја посочуваат оваа појава како „вондредна“ и засега не можат да ги утврдат точните причини.
Мината недела сателитските фотографии на НАСА покажаа дека од еден од најголемите глечери на Гренланд се одделила санта мраз со големина два пати повеќе од Менхетен.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment