MKDNews.com

Ја запросил на жичара и како Супермен со сајла ја симнал на земја

јули 22
20:50 2012

zaprosuvanje

Оваа фотографија се врти на социјалната мрежа фејсбук ако оваа приказна е вистинина секоја чест на момчето за инвентивноста и за романтичниот гест, пренесува денеска порталот
Според она што е напишано под фотографијата двојката се возела на жичарата – кога одненадеж снемало струја. Mомчето ја запросило девојката и потоа прикачен на сајла со неа во раце ја симнал безбедно на земја.
Eве што пишува под фотографијата

„Значи приказната е ваква:„Снашката“ се вози со жичара и тап…снемува струја…спасителот Никле (синко мој) се спушта по сајла, влегува во кабина и таму ја запросува, нормално со веренички прстен. Возбудата трае и натаму ..следи спуштање со јаже до мајчица земјица ( види фото), каде што ги чекаат другарите. И… бидејки на деца многу-многу не се верува, синоќа семејството Јаневски..тап, кај семејството Стојановски и од „снашка“ со наводници ни стана СНАШКАААА. НЕКА СЕ ВЕЧНО СРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ, а нашата среќа ние и на ваков начин ја споделуваме со нашите пријатели.Однапред ви благодарам за досегашните, и честитките што следат“

zaprosuvanje

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.