MKDNews.com

Двајца браќа умреа од пожарот во Струмица

јули 24
13:41 2012

Четириесет и шест годишниот вработен во „Македонски шуми“, со тешки изгореници од пожарот кај Струмица, е вториот починат попладнево на Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информираа од Клиниката.

Тој е брат на претходно починатиот 50-годишен пациент, исто така, вработен во „Македонски шуми“.

Уште еден од повредените во пожарот се бори за живот и е во исклучително тешка општа состојба. На Клиниката синоќа беа хоспитализирани петмина повредени.

Четворица од повредените се луѓето кои биле во обезбедување на шумите и биле ангажирани во гаснењето, а најмладиот хоспитализиран е дете кое си играло во близина на шумата.

– Имаат изгореници од над 90 проценти од трет и четврти степен. Едниот пациент е со изгореници од негде околу 50 отсто, тој исто така е витално загрозен, но во нешто подобра состојба во однос на претходните. Детето се наоѓа во добра општа состојба, со изгореници од втор степен, витално не е загрозено, изјави директорката на Градската општа болница во Скопје, д-р Јасминка Чабуковска.

Таа соопшти дека детето утре ќе биде префрлено на одделот за пластична хирургија. Во пожарот вкупната бројка на настраданите е 14. Во Струмичката болница состојбата на десетте хоспитализирани е добра и тие се наоѓаат надвор од животна опасност.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment