MKDNews.com

Црвенковски: Нема да се гради топилница во Неготино и точка!

јули 22
19:02 2012

crvenkovski-miting-negotino

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски предмалку од митингот во Неготино рече дека нема да дозволи во овој град да се гради топилница.

– Бевме со вас и остануваме со вас. Нема да се гради топилница во Неготино и точка! Ничии интереси не се поважни од иднината на децата! – рече Црвенковски.

Погледнете го митингот на СДСМ во Неготино

„6 години се соочуваме со елементарна непогода, наречена портокалова преродба. Спроведоа политички инженеринг за перење на мозокот. Живееме во судир со разумот, во време на лажни реформи и лажен патриотизам. А вистината е катастрофална. Ние сме земја на сиромаштија и невработеност, хипотеки и судски извршители, нема пари за операции и лекови. Царува криминал и корупција. Обичните криминалци не можат да дојдат на ред од власта . Власта е злосторничко здружение, во Македонија царува државен криминал.Македонија е голема пералница на пари. Се зедоа од такси здруженија до агенции за обезбедување. Имаме власт која сопствените фрустрации и комплекси ги лечи на грбот на својот народ. Секоја глупост го прогласува за патриотизам. Лекарите ги третира како криминалци, медиумите како сопствени слуги“ рече Бранко Црвенковски.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.