24 годишна девојка го предизвикала пожарот кај Струмица
јули 25
11:05
2012
Според полицијата, станува збор за дваесет и четиригодишната струмичанка со иницијали М.Е. која завчера се решила во близина на куќата каде живеела да запали стари алишта. Истата тоа го сторила во непосредна близина на една грмушка, а на педесетина метри оддалеченост од шумата.
Запалениот огин ја потпалил грмушката, а потоа ветрот си го сторил своето и пожарот за кратко време ја зафатил шумската површина над градот. Во пожарот кој гореше цел ден загинаа Блажо и Пено Стојанови, браќа од селото Рич кои како вработени во Македонски шуми се обидоа да ја спречат огнената стихија да го зафати градот.
Полицијата на струмичанката и поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment