MKDNews.com

Видео: Приведени деветмина бивши полицајци за случајот Марјан Тушевски, дирекно вмежани велат од МВР

јули 24
13:37 2012

tushЗоран Трајковски, шефот на обезбедувањето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска е уапсен под сомневање за учество во убиството на Марјан Тушевски во 2001 година. Приведени се уште осумина поранешни полициски функционери и вработени и во секторот за обезбедувањето во МВР од тој период. Полицијата ги потврди овие приведувања и соопшти дека по уште неколкумина се трага.

Зоран Трајковски и Љубе Бошкоски соработуваат уште од конфликтот во 2001 година, кога Бошкоски беше министер за внатрешни работи.

Порталот А1.он пишува дека Зоран Трајковски неодамна бил повикан на неколкучасовен разговор во МВР и му било понудено да биде сведок во случајот со убиството на Марјан Тушевски, но Трајковски одбил да сведочи.

Нема информации од полицијата дали и Љубе Бошкоски е опфатен во истрагата.

Марјан Тушевски беше убиен во 2001, а тој беше поврзуван со многу криминални зделки во Македонија во тој период.

МВР: Дел од полицајците директно го помогнале убиството на Тушевски, а дел им овозможиле на убијците да се извлечат

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово уапсило девет лица кои се осомничени за убиствата на Маријан Тушевски и на Киро Јанев во 2001 – ва година.„Тие се уапсени по барање на Основното јавно обвинителство и по наредба на истражен судија. По уште шест лица се уште се трага. Од петнаесеттемина за кои беше распишана судска наредба, четири лица се странски државјани, додека останатите се македонски. Деветмина од нив биле вработени или функционери во министерството“, велат од МВР.

Убистото на Тушевски и на Јанев се случи на 10 јули 2001 година, во вечерните часови кога двајцата го напуштале кафулето „Зу“ во скопската населба Капиштец. Тушевски беше застрелан и усмртен на лице место со 11 куршуми, а Јанев кој се обидел да избега бил застрелан со проектил од далечина од 100 метри.

Дел од вработените во МВР се товарат дека знаеле и ги помагале сторителите на убиството од почетокот, додека останатите преку непостапување им овозможиле непречено да избегаат.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.